Се уредува градежното земјиште во населбата Драчевик, во непосредна близина на локацијата каде се гради  новата детска градинка.

На улицата што води од социјалните згради до мостот над каналот, се гради тротоар, јавно-прометна површина што ќе придонесе за поголема безбедност на пешаците.

Според стручните служби, Општина Кочани прави напори соодветно да ја уреди околината на новата детска градинка, која за краток период, со самото профункционирање, дополнително ќе ја зголеми фреквенцијата на луѓе и возила. Овој дел од градот забрзано се развива и со  изградбата на новите социјални згради, коишто го зголемија бројот на домаќинствата и концентрацијата на население. Целта на Општина Кочани е запуштениот простор да добие урбана опрема,  да се озелени и хортикултурно да се уреди и соодветно да се осветли.

Сезонава, во Кочани се реконструираа тротоари на повеќе локации. Изведувачот „Патиомонт“ работеше на тротоарите на улиците „Браќа Ставреви“, „Маршал Тито“ и „Страшо Ербапче“, што придонесе за подобрување на квалитетот на површините наменети за пешаците.