Започна асфалтирањетто на кракот два од улицата „Гоце Делчев“ во Оризари.

– Станува збор за кејска улица со должина од 480 метри, со комплетно решена инфраструктура: тротоари, атмосферска и фекална канализација, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Средствата во висина од 5 милиони денари се обезбедни од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Според Димитровски, очекуваме за неколку месеци градежните активности да продолжат и на кракот 1 од оваа улица, со што Оризари ќе добие сосема нов, поубав лик.