Почна асфалтирањето на дел од планираните единаесет улици во Кочани од Проектот за подобрување на општинските услуги.

Во Тркање веќе се асфалтирани улиците „Борис Ефтимов“ и третиот крак од „Маршал Тито“.

Во Оризари се асфалтира улицата „АСНОМ“, а работите ќе продолжат на двата крака од „Раде Кратовче“.

Градежните работи ги изведува фирмата „Ленди груп“, избрана согласно критериумите и процедурите на Светска банка.

Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат и улиците: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани. На дел од нив веќе се гради атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари. Од вкупно единаесетте, шест улици се во градот Кочани, а пет се во руралниот дел.