Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште, ги врши работите што се однесуваат на:

– организирање на вршењето на работите на уредување и одржување на градежно земјиште;

– изработување предлог-програма за уредување на градежно земјиште и целокупната потребна документација за спроведување на програмата;

– иницирање постапка за разрешување на имотно-правни работи со цел за уредување на градежното земјиште;

– изготвување предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Кочани, што ја донесува Советот на Општина Кочани;

– подготовување договори и целокупната документација потребна за спроведување на постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп и со непосредна спогодба на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани;

– други работи што ќе му бидат доверени согласно законите и други прописи од областа за уредување и располагање на градежно земјиште.