Седумнаесет од деветнаесетте пријавени студенти ќе бидат корисници на студентските стипендии од Општина Кочани.

Според одлуката за доделување стипендии на студенти на јавните високобразовни установи во Република Македонија, 10 стипендии се доделени на категоријата студенти кои оствариле успех во текот на студирањето,  една е од категоријата студенти од ромска етничка припадност, три стипендии се за студенти од социјално ранливи семејства и четири за студенти на медицински науки.

Стипендиите чиј месечен износ е 3 илјади денари се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.

Двајца од кандидатите, согласно условите од Правилникот за доделување стипендии, не го исполниле условот за остварен успех во текот на студирањето, поради што се одбиени. Рокот за поднесување приговор по донесената одлука е пет дена, по што ќе  бидат потпишани договорите меѓу студентите и Општина Кочани.

Од оваа година, со одлука на Советот на Општина Кочани, се зголеми бројот на корисниците на стипендии, како и висината на месечниот износ на стипендиите.