Тамара Лазарова, ученичка во Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. Елена Мирасчиева приреди рецитал на флејта.

Пред љубителите на класичната музика во салата на Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани, Лазарова настапи со дела од Дивиен, Моцарт, Дебиси, Зграја и Прокопиев, во пијано-придружба на професорката по пијано Драгана Карова.

Гостинка на рециталот, како пијано-соработник беше Марија Стојанова, ученичка во III година во Музичкото училиште во Штип, во класата на проф. Марија Максимова.

Овој рецитал е завршница на средното музичко образование на Тамара Лазарова, која во текот на школувањето има освоено бројни награди, а последниот настап ѝ беше како солист со училишниот оркестар во одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на штипското музичко училиште.