Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Кочани е регистриран првиот случај на заразен со коронавирус во Кочани.

– Со жалење ја примив веста дека коронавирусот не ја изостави и нашата општина. Посакувам брзо оздравување на пациентот и повикувам сите одговорно и сериозно да се однесуваме и да придонесеме заразата да не фати големи размери. Ризикот е помал доколку доследно се почитуваат упатствата и препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Кочани е една од општините во кои континуирано се спроведуваат низа мерка. Од вчера  се затворени и седумте повеќенаменски игралишта во Кочани и во Оризари. По примерот на детските коишто не се  во употреба од 21 март, црвените ленти и краткото писмено соопштение поставени од општинските служби, ја означија забраната за користење и на повеќенаменските игралишта.

На седницата на Општинскиот кризен штаб, овие локации  беа посочени како критични собралишта на поголеми групи лица, поради што се побара Општина Кочани да ги затвори, а Полицијата позачестено да интервенира таму каде што има група поголема од пет лица.  

Со тоа е спроведена една од двете нови мерки коишто ги определи Општинскиот кризен штаб за спречување на ширење на болеста КОВИД-19. Во тек се и подготовките за дезинфекција на возилата на трите сообраќајни влеза во Кочани. Кога ќе дозволат временските услови ќе се интервенира со механизација, со тоа што ќе се започне од сообраќајницата по која се движат возилата што доаѓаат од Штип, токму поради бројот на заболени што ги има во оваа соседна општина.