Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, на 24 јуни, од 4 до 6 часот наутро, стручни екипи ја спроведоа првата фаза од авиотретирањето против комарци во Кочанско.

Прскањето против комарци се вршеше со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретманот беа опфатени 1 200 ха, површини во градското подрачје на Кочани и во поголемиот дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општина Кочани.

Според Програмата за заштита на населението од заразни болести на Општина Кочани, се очекува да се реализираат уште пет прскања против комарци.