На 23 јуни, во утринските часови, стручни екипи ја спроведоа првата фазаод авиотретирањето против комарци. Се прскаше со еколошко средство за уништување на комарци одобреноод Бирото за лекови. Со авиотретирањето беа опфатени површините воградското подрачје на Кочани и поголемиот дел од низинските села штоприпаѓаат на територијата на општина Кочани.Доколку дозволат временските услови, следната фаза од третирањето накомарците ќе се изврши од земја, во првата декада од јули.