В четврток, на 25 јуни 2015 година во 13 ч. Општина Кочани и ЕУ Инфо-центарот – Скопје, организираат работилница на тема „Биодиверзитетот на Осоговијата“.

Темата ќе ја презентира Евгенија Јордановска од Македонското еколошко друштво – Скопје.

Работилницата, која е дел од проектот „Зелена недела“, ќе се одржи Салата во салата на Советот на Општина Кочани (Венчална).

Општина Кочани и ЕУ Инфо-центарот ги повикуваат сите заинтересирани да го следат настанот.