Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2016“ ги повикува заинтересираните институции, здруженија, организации и поединци кои сакаат да се претстават на манифестацијата со штандови да се пријават во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

На штандовите можат да се изложуваат производи, домашни ракотворби, изработки од ориз, здрава или органски произведена храна, уметнички креации и сл.

Претставувањето на здруженијата, компаниите и институциите е планирано за 14, 15 и 16 октомври во Паркот на Револуцијата. За штандовите не се плаќа надомест.

Пријавувањето е до 1 октомври, а бројот на штандовите е ограничен.

Одделение за јавни дејности

Општина Кочани