Тркање доби опремено детско игралиште со лулашки и урбани реквизити. Игралиштето кое се наоѓа во училишниот двор е изградено со проект на Мировниот корпус на САД преку владината агенција УСАИД.

Волонтерот на Мировниот корпус, Дејвид Вонер, по чија идеја се реализираше опремувањето на игралиштето, рече дека се надева оти преку забава и дружење најмладите ќе научат повеќе едни за други.

– Целта на отворањето на ова детско игралиште е да им се даде можност на најмладите од претшколска возраст во Тркање да ги зајакнуваат социјалните вештини, додаде волонтерот Ворен.

Општина Кочани учествуваше со уредувањето на просторот во училиштето.

– Соработката со Мировниот корпус и со УСАИД е на повеќе страни. Вакво игралиште имавме пред две години во Оризари, а еве исто такво отвораме и сега. Соработката ќе ја продолжиме и понатаму со волонтерите од Мировниот корпус и воопшто со сите такви невладини организации – изјави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

По повод отворањето на детското игралиште се одржа пригодна свеченост на која пред присутните жители и гости настапија фолкористите од КУД „Руен“ од Кочани.