В среда, на 31 август во 14 ч. ќе биде пуштена во употреба реконструираната училишна зграда во селото Горни Подлог.

Училиштето се реконструираше со грант од Владата на Јапонија, од областа на солидарноста и човековата безбедност. Добиените средства во висина од 70 479 евра се наменија за нов кров, фасада, под, врати и прозорци.

Во училиштето настава посетуваат 130 деца од Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.

На свеченоста ќе присуствува и советникот од Амбасадата на Јапонија во Виена, Тацуро Хајаши.