Во организација на Општина Кочани, во вторник, на 24 ноември во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде промовиран новиот роман за деца од Киро Донев, „Јамболија што лае“.

Всушност се работи за роман сказна, во кој животните зборуваат, роман во кој се опишува менталниот склоп на кучињата, мачките, птиците…

Книгата „Јамболија што лае“ е издание на издавачката куќа „Македоника литера“, а финансиски е поддржана од Министерството за култура. Промотор е Нове Цветановски, издавач и рецензент на делото.

Промоцијата започнува во 12 ч.