В среда, 15 мај, со почеток во 13 ч. во Изложбениот салон во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде промовиран романот на годината „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова.

Делото ќе го промовира Фросина Пармаковска, минатогодишна лауретка на Наградата, а извадоци од романот „Некој бил тука“ ќе читаат ученици од Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ и Мери Каровска од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Во официјалниот дел ќе бидат претставени и изданијата „Село зад седумте јасени/Стебла“ на Славко Јаневски и првиот број на списанието „Архив Јаневски“.

Настанот го организира Општина Кочани во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, Центарот за култура „Бели мугри“ и СОУ „Гошо Викентиев“.