Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во соработка со Општина Кочани интензивно работи на уредување на зелените површини во градот и во повеќе населени мести.

Со механизација е расчистено обраснатото корито на Масалница, низводно од централниот мост во Оризари, во должина од околу еден километар. Работите ќе продолжат со порамнување на теренот и озеленување со соодветна вегетација. На кејските ѕидови на Масалница се монтираат клупи, а таму каде што недостига – се поставуваат канти за отпад.

Веднаш спроти главниот мост во Оризари, се обновува постојното паркче, се подновува урбаната опрема и се уредува хортикултурно. Комуналните служби едновремено работат на средување на парковските површини во сите населени места и во градот, а се формираат и нови, како што е во селото Тркање, каде запуштено место се преуреди во парк со фонтана и клупи.

Според информациите од „Водовод“, во тек е расчистување на дивата депонија кај фудбалското игралиште во Грдовци, како и на неколку други локации во населените места.