На 27 септември 2019 година (петок) со почеток во 18:30 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј” во Кочани ќе се одржи Третата сесија од Форумот во заедницата.

На оваа сесија ќе се дискутира за разработените предлог-проекти кои произлегоа од предлозите на учесниците на форумот на претходните сесии. Од предложените предлог-проекти, оние што ќе ги исполнат критериумите за проекти, во понатамошниот форумски процес ќе бидат внесени на листата за гласање за приоритетни проекти што ќе бидат финансирани од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада.

Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев ги покануваме жителите да учествуваат на проектниот форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и,  предложени и поддржани од жителите на Кочани.