Општина Кочани ги повикува жителите од населените места Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци кои поради обилните врнежи претрпеа штети во домаќинствата, дека можат да пријават потреба од дезинфекција на телефонските броеви: 033 274 093 и 033 271 193.

Рокот за пријавување е до петок, 14 август 2020 г.

Дезинфекцијата ќе ја вршат екипи од Територијалната противпожарна единица – Кочани.