Учениците на генерацијата од Кочани, кои од Општина Кочани се наградени со седумдневно летување во одморалиште во Паг, Република Хрватска, имаа прием кај градоначалникот Ратко Димитровски.

Честитајќи им за постигнатите резултати во школувањето, Димитровски истакна дека наградата е резултат на повеќегодишната соработка на нашата општина со хрватската Крижевци.

На летување во Паг ќе заминат петтемина најдобри ученици од основните училишта, ученикот на генерацијата од Основното музичко училиште и двајцата најуспешни од двете средни училишта. Со нив ќе патува и одговорен наставник, како и претставник од Одделението за локален економски развој од Општина Кочани.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6000 денари.