В понеделник, на 31 октомври во 11 ч. во објектот „Сончогледи“ (на ул. „Скопска“) ќе се одржи презентацијата на проектот за обновливи извори на енергија, „Сонце, вода, ветер“ со кој се инсталирани сончеви колектори во три објекти на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“: „Ѕвездички“, „Сончогледи“ и „Цветови“.

Проектот е во вредност од 153 500 денари, грант од Мировниот корпус Македонија во соработка со волонтерката Катлин Ридер, а во техничка изведба на фирмата „Еко солар“ од Штип.

На презентацијата ќе присуствуваат директорот на Мировниот корпус Македонија, Марк Ханафин, грант-координаторот Наташа Наумовска, менаџерот за безбедност во Мировниот корпус, Гоце Спасов и претседателот на Советот на Општина Кочани, Јордан Димитров.