На 30 септември 2020 г. со почеток во 9 ч.  во салата на Спомен домот „АСНОМ“, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 46. редовна седница со  следниот предлог-дневен ред:

  1. Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2019/20 година
  2. Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2020/21 година
  3. Годишен извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за воспитната 2019/20 година
  4. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за воспитната 2020/2021 година
  5. Давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  6. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021 година
  7. Предлог-одлука за ослободување од надоместок за трошоци за престој на деца во на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани во време на пандемија од КОВИД-19
  8. Информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2020 година
  9. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  12. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани
  13. Информација за конфликт на интереси на Градоначалникот на Општина Кочани
  14. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на член на Советот на Општина Кочани кој ќе одлучува во случаи кога Градоначалникот на Општина Кочани треба да учествува во процес на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес
  15. Предлог-одлука за намера за реализација на проект по пат на задолжување
  16. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  17. Предлог-решение за изменување и дополнување на Решението за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природната непогода што го зафати подрачјето на општина Кочани.