Минатата година до јуни сме имале 69, сега бележиме 39 интервенции на отворен простор, вкупната опожарена површина лани изнесувала 99 хектари, а оваа само 13,5 ха. Лани имало еден шумски пожар, годинава – ниеден. Ваква е состојбата на теренот, според податоците коишто комадирот на Територијалната противпожарна единица, Дејанчо Арсов ги презентираше на средбата на тема за превенција од пожари.

На состанокот што се одржа по иницијатива на градоначалникот Ратко Димитровски, претставниците од Полициската станица – Кочани, Шумското стопанство „Осогово“, Земјоделскиот инпекторат, Шумската полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи и КЈП „Водовод“ беше нагласена потребата од зголема координација во претстојниот летен период и предупредувањата до граѓаните за опасностите од пожари.

Присутните беа единствени во ставот дека превентивните активности даваат резултат, заради што во наредниот период ќе се работи на обновуваање на информативните табли за забрана за палење оган на отворени места, а патроли составени од пожарникар, инспектор и полицаец ќе прават обиколки на шумските и полските терени, каде е зголемена опасноста од пожари.