По повод двата големи празника, 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, општински делегации положија цвеќе на Споменикот на Слободата.

Потсетувајќи дека помина 71 година од ослободувањето на Кочани, почит за борците за слобода оддадоа делегации на Општина Кочани и на Советот на Општина Кочани, делегација од Здружението на борците од НОВ и делегации од општинските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Посакувајќи убава иднина, тие на сите граѓани им ја честитаа 24-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија.