Општина Кочани, по пат на електронско јавно наддавање, продаде вкупно осум градежни парцели од 29. објава за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Од нив, две градежни парцели се со намена за индивидуално домување, со површина од 379 м2, на улицата „ Ѓорче Петров“ и една со површина од 292 м2 на улицата „Крум Вранински“ во Кочани и шест градежни парцели со површина од 545 до 1129 м2 на локалитетот Пониква.

Почетната цена на електронското јавно наддавање беше 61 денар за метар квадратен, а највисока цена е постигната за парцела за индивидуално домување која достигна 820 денари за метар квадратен.

По оваа продажба се очекува на сметката на Општината да стигнат околу 570 илјади денари што е 80 % од вкупната уплата на најповолните понудувачи на електронското јавно наддавање. Останатиот дел од средствата оди во Буџетот на Република Македонија.

На 29. објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, што ја распиша Општина Кочани на 1 февруари оваа година, беа понудени вкупно 13 градежни парцели, од кои пет за индивидуално домување, две за лесна индустрија и мало стопанство и шест за изградба на викендички.