По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2020/21 година, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го посети Подрачното училиште „Никола Карев“ во селото Тркање,​ каде со физичко присуство се учениците од одделенска настава.

Илијев истакна дека во сите училишта во Кочани се обезбедени потребните услови за реализација на наставата и дека таа секаде е започната, на начин определен од Министерството за образование и наука, според моделот од првото полугодие, што е во интерес и на наставниците и на учениците за зачувување на јавното здравје.

Во училиштето во Тркање неодамна заврши подновувањето на подот во сите училници и обновувањето на реквизитите од училишниот двор. Претходно беше извршена замена на прозорците и печките за огрев, а реновирано, оградено и подготвено за употреба е и повеќенаменското игралиште коешто се наоѓа во школскиот двор.