Вчера, во Скопје, министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпишаа договорот за подзаем од Проектот за подобрување на општинските услуги.

Со овој договор е одобрен заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во висина од 61,5 милиони денари за асфалтирање на десет улици во Кочани.

Подзаемот има рок за враќање од 20 години, со 3 години грејс период и 1,5 процент годишна камата.

Со средствата ќе се асфалтираат: десниот и левиот крак на „Орце Николов“, „Февруарски поход“, „Ѓорче Петров“, „13 Македонска бригада“, „Димитар Лазаров“, „Македонска“, „Разловечко востание“ и „Македонски корпус“, „Пиринска“, „544“ во Прокарка и „Јанка Стоименова“ во Оризари, во вкупна должина од 3,8 км.

Во рамките на техничките решенија за секоја од планираните улици предвидена е изградба на самата улица и нејзино асфалтирање, поставување тротоари и потпорни ѕидови, таму каде што е потребно и согласно условите на патот и изведба на инсталација за атмосферска канализација