Договорниот орган – Општина Кочани објави оглас на ЕСЈН за доделување на договор за јавна набавка со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди , која постапка се спроведува во хартиена форма и завршува со е-Аукција како последна фаза во постапката за доделувањето на договорот за јавната набавка , за предмет :
Поставување на самопродавачка машина (кафемат) за топли и ладни напитоци за период од 1 година

Понуди за нејавно отворање на понудите може да се доставуваат до 04.05.2015 год. до 10:00 часот.

Увид во тендерската документација заинтересираните економски оператори можат да извршат на интернет адресата на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk

Дополнителни информации во врска со спроведувањето на постапката може да добиете на моб.тел. 072/275-637 – Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки-Силвана Благонова.