На приодот од северната страна на Трговскиот центар е поставена заштитна ограда, која обезбедува поголема безбедност во движењето на пешаците на пристапната рампа.

Со таа цел изведувачот монтира ракофати и на дел од скалите спроти фонтаната во Трговскиот центар.

Поставената ограда е од инокс со цел да се вклопи  во целосниот надворешен амбиент во неодамна реконструираниот и уреден плочник во Трговскиот центар.

Од неодамна e поставена заштитна ограда на улицата „Тодосија Паунов“, откај крстосницата со „Киро Кикенски“, покрај ОУ „Малина Попиванова“. Фреквенцијата на возилата и на пешаците, во кои голем дел се и ученици, ја наметна потребата заради поголема безбедност во сообраќајот и спречување на употребата на тротоарите како простор за паркирање.

Според договорот на Општина Кочани со избраниот изведувач во постапка за јавна набавка, заштитни огради ќе се поставуваат уште на неколку улици во градот и на скали кај Споменикот на слободата.