Во вторник, на 21 мај 2019 година, со почеток во 13 ч. во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи предавање на тема „Малигниот меланом на кожата – откривање, превенција и третман“.

Предавањето ќе го одржи асистент д-р Зорица Зафировиќ, специјалист дерматолог од Универзитетската Клиника за дерматологија во Скопје.

Предавањето е дел од кампањата за подигање на јавната свест за малигниот меланом на кожата од кој се засегнати младите лица и лицата што се занимаваат со земјоделство.

Предавањето го организира Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, Министерството за здравство на Република Северна Македонија, Еуромеланома и Универзитетската Клиника за дерматологија во соработка со Општина Кочани.

Предавањето е од отворен тип и на него се поканети сите заинтересирани граѓани.