Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/20, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18),    Градоначалникот на Општина Кочани  го издава следното  

С О О П Ш Т Е Н И Е

                         Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира  повторна јавна презентација и јавна анкета по Детален    урбанистички план  за градска четврт 16 Општина Кочани , плански период 2017-2022 конечен предлог план со Технички број 0801-107/17 од февруари 2020, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје,  со површина 56,18 ха .

Детален урбанистички план за Градска Четврт 16, Oпштина Кочани,  плански период од 2017-2022г. се наоѓа во источниот дел од град Кочани во зоната на индустрија, согласно ГУП за град Кочани.

Границите на планскиот опфат се следните:

Од Север: По осовина на ул. „Никола Карев“;

Од Североисток: По осовина на ул. „Тодосија Паунов“ и продолжува по осовина на ул. “Новопроектирана 5“;

Од Југ и југоистокг: По осовина на ул. “Новопроектирана 1“;

Од Запад: По осовина на ул. „Никола Карев“.

ПОВТОРНА  ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Детален  урбанистички план    за градска четврт 16 Општина Kочани  плански период 2017-2022 конечен предлог план, ќе се одржи на ден 16.03.2020г. со почеток во  1500 часот во салата на советот на Општина Кочани.

                                    ПОВТОРНА ЈАВНА  АНКЕТА  по

Детален  урбанистички план    за градска четврт 16 Општина Kочани  плански период 2017-2022 конечен предлог план ќе трае 9 работни дена , а  ќе се спроведе  во периодот од 13.03.2020 год.  до 26.03.2020 год.  во кој рок заинтересираните физички  и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и  предлози  на анкетни листови , во писмена форма,  кои можат да ги подигнат  во архивата    во општинската зграда,  од веб страната на Општина Кочани,  или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на  анкетните листови  да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

        Графичкиот  прилог   од деталниот урбанистички план  ќе  биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на зградата на Општина Кочани ,  на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со   урбанистичкиот план  ќе  можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до анкетен лист.

Линк до графички прилог.

Линк до текст за планска документација.