По повод Петровден, празникот на градот, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Одделението за јавни дејности упати јавен повик до заинтересираните фудбалски екипи да се пријават за учество на турнирот.

Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 3000 денари, да достават име на клубот и список од десет играчи со броеви на личните карти. Услов за учество во турнирот е пријавените играчи да имаат наполнето 16 години.

Пријавувањето ќе трае до 3 јули, а документите се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

Дополнителни информации можат да се добијат во Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, на телефонските броеви 033-274-001, локал 116 и 072/275-610.