Општина Кочани

како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи да се пријават за учество на турнирот.
Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на жиро сметка: 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од официјалната веб-страница www.kocani.gov.mk дo 19 јуни 2019 година.

Ждребувањето е на 21.06.2019 година, а натпреварите започнуваат од 22.06.2019 година.

Дополнителни информации на телефоните: 078 840 626 или 072 275 610