Повик за Избор на спортист на Кочани за 2015 година
Општина Кочани ги повикува кочанските спортски клубови и спортисти да пријават кандидатура во манифестацијата „Избор на спортист на Кочани за 2015 година“

На манифестацијата ќе се избира: спортист за 2015 г., млад надежен спортист, спортска екипа, тренер и спортски работник за 2015 г.

Пријавите се поднесуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 20 јануари 2016 година.

При пријавувањето треба да се достават: копии од регистрацијата на спортскиот клуб, од освоените награди и признанија и образложение за кандидатурата.

Одделение за јавни дејности

Општина Кочани