Градоначалникот Ратко Димитровски го посети Основното училиште „Раде Кратовче“ кое годинава по петти пат го доби зеленото знаме што го доделува невладината организација „Охо“ од Скопје.

Директорката на училиштето, Гордана Манева го изрази задоволството што „Раде Кратовче“ е едно од ретките училишта во Македонија што по петти пат, со право го понесе приматот екоучилиште и се најде меѓу најдобрите во државата во поглед на спроведувањето на екостандардите.

– Тоа се должи на успешната реализација на екосодржините на чело со координаторот на екоодборот, Драган Трајчев и тимот кој работи, рече Манева.

Градоначалникот Димитровски истакна дека е горд на резултатите што ги постигнува училиштето, посебно затоа што се гради навика кај најмладите за грижа кон животната средина.

Во знак на честитки за успехот Димитровски го развиори зеленото знаме.