По повод Петровден, празникот на Кочани, а во рамки на манифестацијата „Петровденски конаци“, на 11 јули, Општина Кочани организира Петровденски рок и рап концерт.

Во Градскиот парк во Кочани, ќе настапат Тони Зен и „Флека“, „Некст тајм“ и кочанскиот рок-состав „Шекспир“.

Забавата ќе започне од 21 ч. со „Шекспир“, ќе продолжи со Мартин и Стефан, а од 23 ч. е планиран настапот на македонската рап-ѕвезда Тони Зен.