2.4.2018 г.

Синоќа, на терасата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани панк рок-бендот од Словенија Real Life Version и финскиот панк-бенд One Hidden Frame одржаа концерт.

Публиката, која освен од Кочани пристигна од различни градови од државава, уживаше во концертот кој за Real Life Version е дел од нивната балканска турнеја на која го промовираат новиот албум „Furious Winds and Ice Cold Showers“.

Настапот на мелодичниот и брз Real Life Version беше проследен со многу емоции и енергија, која беше возвратена од публиката. Ова беше една од ретките можности, по четири години, овој состав да настапува во Македонија.

Членовите на One Hidden Frame го претставија својот најнов албум „Harmful content”, на нивната прва турнеја на Балканот и на првиот концерт во Кочани.

Фановите на овие панк рок-групи имаа ретка можност да купат винилки, цедеа и маички со мотиви од музичките состави.