Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска имаше средба со Сузана Коцев, регионална раководителка на КАМ маркет, компанија која обезбеди донација од 60 пакети за ранливи категории граѓани од Кочани.

– Сакам да се заблагодарам и од името на локалната самоуправа и од граѓаните за вашата желба во услови на пандемија да им помогнете на ранливите категории граѓани. Давате убав пример за општествена одговорност, кој треба да го следиме и да им помагаме на луѓето на кои им е потребна помош – рече на средбата градоначалникот Илијев.

Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои се распределуваат кај  семејствата во социјален ризик, утврдени од кочанскиот Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги.