Општина Кочани го исплати четиримесечниот износ за стипендии за студентите корисници за 2019/20 година.

Според одлуката за доделување стипендии, оваа поддршка од Програмата за образование на Општина Кочани ја користат вкупно 26 студенти на државните универзитети, и тоа: студенти кои оствариле успех во текот на студирањето, студенти на медицински науки, студенти од ромска етничка припадност и од социјално ранливи семејства.

Целта на стипендирањето е студентите да се поттикнуваат за постигнување подобри резултати и успех во студирањето, што ќе овозможи и нивна конкурентност на пазарот на трудот.  

Стипендиите, чиј месечен износ е 3 илјади денари, се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.