Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2020 година.

Според повикот, ќе бидат поддржани проекти од култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, млади, меѓународна соработка, комунални работи, локален економски развој, урбанистичко планирање, животна средина и други области од надлежност на општината.

Распределбата на средствата од Буџетот за 2020 година наменети за финансирање на проекти и активности, Општина Кочани ќе го врши врз основа на критериуми и приоротети. Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на 2020 година.

Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www info@kocani.gov.mk.

Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската  канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 20 октомври 2019 година.

Образец извештај спортски клубвови