Околу 13 км асфалт треба да биде поставен на улици и патишта во градот Кочани и во населените места во 2020 година.

Од најавените 30 улици за изградба во тековната година, за 17 веќе е избран изведувачот, јавните набавки се во тек за осум улици, а два патни правци се во фаза на градба. За малкуте останати, наскоро ќе почне тендерската постапка за изведувач.

Тринаесет улици ќе се асфалтираат во градот и тоа во местата Прокарка, Варница, Лесна индустрија, Усова Чешма, во близина на Споменикот на слободата и кај Старата филтер станица. Се чекаат соодветни временски услови за да започнат градежните активности на десет улици во селата Оризари, Тркање, Долни Подлог, Мојанци и Прибачево.   

Во руралниот дел ќе се асфалтираат по 2 км од месноста Крушка до Ајдар и од Оризари до Добра Вода.

За најавената градежна офанзива за изградба на улици во Кочани се наменети околу 125 милиони денари, од кои дел се и од општинскиот буџет.

Состојбата дополнително ќе се подобри со реконструкцијата на уште девет улици во градот. Ќе се отстрани горниот слој на асфалтот и ќе се постави нов на делови од улиците: „Раде Кратовче“, „Гошо Викентиев“, „Тодосија Паунов“, „4 Македонска бригада“, два крака на улицата „Маршал Тито“, „Илинденска“, „Плачковица“, „Коста Рацин“ и „9 Мај“, за што, според првичните проценки се потребни околу 46 милиони денари, испланирани средства по разни основи.

Со Програмите за уредување на градежно земјиште, за помалите улици во градот и во населените места, каде пристапот на механизацијата за асфалтирање е отежнат, е планирано бетонирање.

 Во продолжение е списокот на улици и патишта за асфалтирање во Кочани и во населените места (2020)

  1. „Кирил и Методи“ – Кочани, кај Споменикот на слободата (избран изведувач)
  2. „Борис Ефтимов“ – Кочани, Варница (јавната набавка за изведувач е во тек)
  3. „Васил Главинов“ – Кочани, Белско Маало (јавната набавка за изведувач е во тек)
  4. „Искра“ крак 1, исток – Кочани, Усова Чешма (избран изведувач)
  5. „Искра“ крак 2, исток – Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
  6. „7 Септември“ – Кочани, Усова Чешма, (јавната набавка за изведувач е во тек)
  7. „Карпошово востание“ – Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
  8. „Крум Вранински“ – Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
  9. „9 Мај“ крак – Кочани, под старата Филтер станица (јавната набавка за изведувач е во тек)
  10. „560“ – Кочани, Лесна индустрија (избран изведувач)
  11. „565“ крак – Кочани, Лесна индустрија (јавната набавка за изведувач е во тек)
  12. Довршување на ул. „558“ („Петар Синадинов“) и спојот со ул. „Скопска“ – Кочани, Прокарка (избран изведувач)
  13. Довршување на ул. „Скопска“ – Кочани, Прокарка (избран изведувач)
  14. „Стефка Тасева“, „Скоевска“, „555“ – Кочани, Прокарка (избран изведувач)
  15. Локален пат Крушка – Ајдар – с. Полаки (избран изведувач)
  16. Локален пат Антура – с. Мојанци (работите се во тек)
  17. Локален пат Оризари – Добра Вода (работите се во тек)
  18. „Михајло Арсов“ – с. Прибачево (избран изведувач)
  19. „Раде Кратовче“ крак 1 – с. Оризари (избран изведувач)
  20. „Раде Кратовче“ крак 2 – с. Оризари (избран изведувач)
  21. „АСНОМ“ крак 1 – с. Оризари (избран изведувач)
  22. „Тоде Паунов“– с. Долни Подлог (избран изведувач)
  23. „Маршал Тито“ – с. Мојанци (избран изведувач)
  24. „Ангел Стојчев“ – с. Тркање (избран изведувач)
  25. „Ангел Донев“ – с. Оризари (избран изведувач)
  26. „Маршал Тито“ крак 1 – с. Тркање (избран изведувач)
  27. „Борис Ефтимов“ – с. Тркање (избран изведувач)