Од 6 до 11 ноември во Библиотеката „Искра“ се одржува XII Саем на книгата во Кочани.

Во присуство на голем број љубители на книгата, Саемот го отвори Румена Тодорова, директорка на Библиотеката, која ја истакна важноста на оваа манифестација за популаризација на книгата.

– Поучени од минатите години, рече Тодорова – годинава се нудат книги од најновата продукција на македонските издавачки куќи.

На Саемот се претставуваат петнаесет издавачки куќи од нашава држава, кои на љубителите на книгата им понудат различни жанровски изданија по поволни цени.

Саемот ќе биде отворен секој ден од 10 до 18 ч.