Од продадените билети за хуманитарниот концерт на Методи Митев се собрани 242 илјади денари.

Од три илјади билети, од кои илјада беа наменети за фирмите по цена од 200 денари, а останатите по 100 денари, се продадени 1367 билети. Остатокот од средствата се уплатени како донации од фирми, здруженија и поединци на донаторската сметка на Митков.

Дополнително се очекува уплата на најавени средства уште од неколку фирми, меѓу кои и од рудникот „Саса“, а во вкупната сума не е пресметан и приливот од телефонските јавувања за време на хуманитарните активности за Митков.

Општина Кочани како организатор на концертот изразува голема благодарност до коорганизаторите ИМД продукција и ресторанот „Пролет“, како и до сите поддржувачи на добротворниот концерт за Митков кои покажаа големо разбирање за помош на нашиот сограѓанин.

Општина Кочани ќе ја поддржи секоја хуманитарна активност со цел сите потребни средства да бидат обезбедени, а реализирањето на операцијата во Кина и подобување на здравствената состојба на Митков да биде остварена.