Советот на Општина Кочани ја одржа 29 редовна седница, на чиј дневен ред се најде 21 точка.

Членовите на Советот беа едногласни во однос на предлогот за доработка на информацијата од Водостопанство „Брегалница“ за настанатите штети од неодамнешните поплави во Кочанско Поле.

Советот ја усвои Иницијативата за дополнување на Деловникот со делокругот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и донесе решение за формирање тричлена комисија која во наредниот период ќе работи на тоа прашање.

На 29 седница беа усвоени и извештаите за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2014/15 година и информацијата за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишните установи и Детската градинка „Павлина Велјанова“.

На крајот на низата советнички прашања одговараше градоначалникот Ратко Димитровски.