Одделението за информатичка комуникациска технологија и гео информациони системи, ги врши работите што се однесуваат на:

– изработување и ажурирање на ГИС;

– вршење на работите на системското инженерство во делот на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоците и апликативниот софтвер;

– спроведување мерки за безбедност и заштита на информативниот систем на Општината;

– спроведување постапки за заштита на податоците;

– поврзување нови корисници на компјутерско–комуникациската и ГИС мрежа;

– вршење надзор и одржување на базите на податоците;

– давање помош на корисниците на информациониот систем во работата со базите на податоците;

– вршење обука на кадрите на општинската администрација поврзани со информациониот систем;

–  вршење  и други работи работи што ќе му бидат доверени во надлежност согласно законите и други прописи, како и од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.