1. Право на учество во постапката за доделување на награда за избор на најуспешен земјоделец на општина Кочани, имаат физички лица кои се: – жители на општина Кочани – се докажува со поднесување на копија од лична карта, (овој услов не носи бодови, но е задолжителен услов за пријавениот кандидат и е елиминаторен услов), и – регистрирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – се докажува со поднесување на Решение за упис на производни капацитети (во фотокопија или оригинал) од Единствен регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица Кочани (овој услов не носи бодови, но е задолжителен услов за пријавениот кандидат и е елиминаторен услов). o Право на учество во постапката за доделување на награда за избор на најуспешен земјоделец на општина Кочани немаат лицата на кои претходно им била доделена таква награда за најдобар/најуспешен земјоделец на општина Кочани во последните 5/пет/години наназад

Оглас За избор на најуспешен земјоделец на општина Кочани