Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда за значајни остварувања за развојот на општина Кочани и Награда за животно дело. 

Наградата за значајни остварувања за развојот на општина Кочани е во форма на плакета и се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. 

Наградата за животно дело е плакета и се доделува за постигнати исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

Предлозите за доделување на наградите, со приложено образложение, се доставуваат до Одборот за доделување награди на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1.

Јавниот повик трае од 1 до 25 август 2019 година.