Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ годинава ќе го приреди 15 Новогодишен концерт. Под мотото „Подарок за вас“ во концертот учествуваат околу 200 поранешни и сегашни ученици и наставници од кочанското основно музичко училиште, групирани во мал, голем хор, оркестар и електричен бенд.

Организатор на концертот е Општина Кочани, а генерален спонзор е компанијата „ИНТ“ од Кочани.

Од 22 декември почнуваат дневните концертни претстави, а на 24 и на 25 декември ќе се прикажат двете вечерни изданија.

Концертите на 24 и на 25 декември започнуваат во 19 ч.. Билетите годинава чинат 150 денари.