В среда, на 30 декември 2020 година, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 50. седница, последна во тековната година. Седницата на Советот на Општина Кочани ќе започне од 10 ч., со физичко присуство на членовите, во салата на Мултикултурниот центар, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

На седницата, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ќе има годишно обраќање, а според предлог-дневниот ред, Советот ќе се работи по следниве 11 точки:

  1. План за работа и активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
  2. Давање согласност на Одлуката за промена – намалување на цената на метар кубен геотермална вода
  3. Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2021година
  4. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси за подрачјето на Општина Кочани, во рамките утврдени со Тарифата од Законот за комунални такси
  5. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Уредување на Градскиот парк во Општина Кочани“
  6. Предлог-буџет на Општина Кочани за 2021 година
  7. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
  8. Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2021 година
  9. Предлог-одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година
  10. План за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
  11. Годишен извештај за користење на средствата  од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2020 година.