Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в петок, на 24 јуни, од 5 до 10 часот наутро, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретманот ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и во поголемиот дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општина Кочани.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

Лицe за контакт: Гоце Серафимов, 072/275-629.