На 22 јуни 2020 година во 9 часот во Спомен-домот „АСНОМ“  Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 40. седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси за подрачјето на општина Кочани, во рамките утврдени со Тарифата од Законот за комунални такси
  2. Предлог-одлука за ослободување од плаќање  комунална такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност за подрачјето на Општина Кочани, за време на вонредна состојба
  3. Предлог-план за дополнување на Годишниот план за јавни набавки на oпштина Кочани за 2020 година
  4. Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2020 – 2022 година
  5. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
  6. Предлог-одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
  7. Предлог-решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природната непогода што го зафати подрачјето на општина Кочани.